Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет активни и два под контрола – пожарите се уште беснеат низ Македонија

/

Македонија

Сподели преку :

Пет активни, два под контрола и три изгаснати е пресекот на состојбата со пожарите на територијата на Македонија. Ситуацијата полека се нормализира а бројката на регистрирани пожари на отворен простор се држи во просекот меѓу 20 и 25 дневно.

Во подножјето на планината Китка веќе шести ден скопските пожарникари со тимовите на „Македонски шуми“ и ДЗС се обидуваат да го локализираат огнот. Според официјалните податоци на надлежните институции – Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) активни пожари имаме на територија на Општина Македонски Брод каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума, пожарот во Јегуновце со еден крак се префрли на територијата на општина Сарај кај селото Бојане а гори мешана шума и пожарот на територија на Општина Велес каде неколку краци се префрлија кон скопско Зелениково а гори квалитетна дабова шума и ниска вегетација.

Пожар има во населбата „Балканска“ во Штип но нема опасност по имотот на граѓаните.

  • „Пожарот кој повеќе денови гори на територијата на Општина Македонски брод во атарот на село Драгов дол, значително е намален благодарение на модулот на ДЗС, благодарение на полицискиот хеликоптер кој вчера цел ден работеше но и трите ер трактори“. Повеќе негови краци се успешно изгаснати, останува само еден дел на карпест терен каде е исклучително ризично и тешко движењето на луѓето. Во атарот на Општина Студеничани кај селото Рамни Габер се уште активен е пожарот кој се одвива низ трње, грмушки, габер и неквалитетна шума но на исклучително тешко пристапен а ан некои места апсолутно непристапен терен на кој не е возможно да се пристигне со возила. Продолжува гаснењето на бригадата на скопските пожарникари“ – Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Под контрола се пожарите кои избија на депониите во Кратово и Делчево и по нивното догасување ќе се прејде на затрупување на теренот.

Од ДЗС апелираат до граѓаните на крајна внимателност кога престојуваат на отворен простор и во природа.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

Jumbo 2