Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оризопроизводителите бараат откуп на арпата по утврдена производна цена – се жалат дека годинава ќе имаат многу помали приноси

/

Македонија

Сподели преку :

Над 80 отсто од површините под ориз се ожнеани во кочанскиот регион. Денеска од Владата им пристигна абер дека до крајот на годината ќе добијат дополнителна поддршка по 8 денари за килограм предадена оризова арпа од 1 септември лани до 15 септември годинава. Но, оризопроизводителите велат дека нивното производство може да го спаси само ако се откупува арпата по утврдена произведна цена.

„Ако зборам повеќе, ќе грешам, заради тоа што фала и на тоа, ама не нè спасува тоа. Нас нè спасува само реална цена да ни дадат, цена на коштање на кило арпа и за репродукција за наредна година да мислеме дали да се сее или да не се сее. Оваа ли мерка по 8 денари ли? – Малку е тоа госпоѓо. Робата што ја ожнеавме сега е по амбараите, никој не однел кило“, реагираат оризопроизводителите. 

Оризопроизводители се жалат дека годинава имаат многу помали приноси.

„Жетвата е многу слаба, многу слаба. Нема по 300-350. Да, многу е слаба“, додаваат тие.

Од Владата денеска најавија дека средства за дополнителната мерка за оризопроизводители се обезбедени од интервниот фонд на ресорносто министерство и дел од ребалансот на буџетот, а ги повикаа откупувачите да се однесуваат фер, како што, владата, граѓаните и оризопроизводителите се однесуваат фер кон нив. Во спротивно, ќе бидат ригорозно казнети. Годинава се жнее ориз на површина од околу 4.000 хектари.

Викторија Јованова

Jumbo 2