Тројца скопјани на возраст од 35, 43 и 61 година се приведени во акцијата „Чистач“, под сомнение дека уценувале жител на Делчево на кој му се заканувале ако не им исплати 10.000 евра.
Осомничените барале пари од жителот на Делчево, заканувајќи му се дека во спротивно ќе објават компромитирачки материјали.
По оформен предмет во Основното јавно обвинителство Делчево, полициски екипи од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип и СВР Скопје извршиле претреси на две локации и ги лишиле од слобода тројцата осомничени.
При претресите бил пронајден нелегален пиштол „М57“, калибар 7,62 милиметри. Полициските проверки покажале дека оружјето потекнува од тешка кражба извршена на подрачјето на СВР Скопје.
Против осомничените се постапува за кривичните дела „уцена“ и „загрозување на сигурноста“.













