Ехо преглед, колпоскопија, пап тест и други дијагностички и терапевтски процедури кои во договор со Фондот за здравство треба да бидат бесплатни, приватни матични гинеколози ги наплатувале.

По контролата на Фондотот за здравство со Управата за јавни приходи во вкупно 49 приватни здравствени установи 23 биле утврдени нерегулатности.
А во 12 установи контролата открила дека неиздавале фискални сметки и на истите им биле изречени и казни.
Првиот човек на Фондот ова веќе го најави во гостувањето на Директно на Телма.

Кај приватните гинеколошки ординации е забележана двојна наплата и од осигурениците и од ФЗО, откри во вечерашната емисија на Телма „Директно“, директорот на фондот Сашо Клековски. Тој најави дека во координација за УЈП ќе се врши и контрола во фискалниот дел на работењето. Според Клековски одредени ПЗУ за одреден надомест од 500 до 1.000 денари… Продолжи со читање
Б.С.













