Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од Преспанското Езеро извлечено телото на мажот по кого се трагаше од саботата

/

Македонија

Сподели преку :

Телото на 71-годишниот М.М. од Скопје е пронајдено и извлечено од водите на Преспанското Езеро, кај туристичката населба Претор.

Телото на мажот по кого се трагаше од 8 август беше извлечено од специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ вчера околу 13:15 часот. Паотргата по него беше активирана во саботата околу 12 часот кога беше пријавено дека  М.М. скокнал од чамец во езерото кај селото Сливница, Ресенско, откако во водата му паднале веслата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола – ОВР Ресен.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција и е пренесено во Клиничката болница во Битола.

Jumbo 2