Од 30 минути до еден час е времето на чекање на граничните премини „Табановце“, односно „Богородица“ за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.
Како делници на кои е потребна зголемена внимателност се посочуваат Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.













