Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството ја следи пасошката криза и ги проверува кривичните пријави, му рекол државниот обвинител Коцевски на министерот Тошкоски

/

Македонија

Сподели преку :

Состојбата со вадењето на лични документи била една од главните теми на средбата меѓу новиот државен обвинител Љупчо Коцевски и министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски која се одржала денеска, известија од Обвинителството до кое се поднесени кривични пријави од партии и поединци.

-Министерот за внатрешни работи го извести Јавниот обвинител на РСМ за проблемот со издавањето на личните документи и за напорите за негово надминување. Тошковски најави дека ќе направи внатрешна анализа на постапките и чекорите во рамките на МВР и ќе ја достави до обвинителството заедно со целокупната документација поврзана со активностите кои довеле до неможност за навремена замена на личните документи на граѓаните. Коцевски нагласи дека обвинителството ги следи состојбите, ги проверува наводите во поднесените кривични пријави и доколку бидат утврдени обележја на кривично дело ќе постапи согласно своите законски надлежности, соопшти Обвинителството.

Разговарано било и за претстојните избори, а Коцевски го запозна Тошковски со активностите на Комисијата за следење на нерегуларностите кои евентуално би биле сторени при организирањето и спроведувањето на претстојните избори, како и со дадените насоки до сите јавни обвинителства за приоритетно постапување во сите предмети поврзани со нарушување на изборниот процес.

-Притоа беше нагласена потребата од тесна координација и соработка со Министерството за внатрешни работи и со Оперативниот штаб во МВР за следење на текот на изборите, рекоа од Обвинителството.

Jumbo 2