Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството ја добило кривичната пријава за нападот врз полицаец од друг полицаец ангажиран за обезбедување на Мицкоски

/

Македонија

Сподели преку :

Од обвинителството велат дека го истражуваат случајот со нападот врз полицаец кој е извршен од страна на друг полицаец кој бил ангажиран во обезбедувањето на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

-За инцидентот денеска е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје и по неа се постапува, кратко одговорија од Обвинителството.

Обезбедувач веднаш е разрешен од обврските во ВМРО-ДПМНЕ, а техничкиот министер Панче Тошковски денеска изјави дека случајот е расчистен и дека нападот се случил откако завршила анти-дрога акцијата на полицијата, од која дел бил и нападнатиот полицаец.

Точковски тврди дека телохранителот го извршил нападот откако МВР веќе ја завршило полициската акција.

Расправијата меѓу двајцата започнала со вербално малтретирање, која прераснала до физички напад, односно тупаници во пределот на главата од страна на обезбедувачот на партискиот лидер.

И покрај предупредувањата дека официјалните дејствија се во тек, телохранителот според сознанијата продолжил да го удира својот колега.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, обелодени дека Секторот за внатрешна контрола ја завршил постапката, но и потврди дека припадниците на МВР ја завршиле акцијата пред нападот од телохранителот,

Jumbo 2