Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинетиот бизнисмен Марковски се врати од Србија – неговиот адвокат уверува дека ќе биде присутен на судењето на 2 септември

/

Македонија

Сподели преку :

Обвинетиот битолски бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски се вратил во земјава, откако струшкиот суд му го врати пасошот кој претходно му го одзеде како мерка на претпазливост.

Неговиот адвокат Марјан Николоски потврди за Телма дека Марковски денеска се вратил од Србија, каде имал бизнис обврски. Николоски повторува дека укинувањето на мерките биле согласно законот и дека неговиот клиент ќе биде присутен на претстојното судење за случајот кое зпаочнува на 2 септември.

Марковски и уште седум други лица се обвинети за кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека со враќањето на пасошот на Марковски е направена „груба маниупулациија од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство којшто е соучесник процесот“.

Jumbo 2