Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинение против петмина лекари од битолската болница заради несоодветно лекување на пациентка која починала

/

Македонија

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, кои ги товари за тешки дела против здравјето на луѓето.

Според обвинението, лекарите несовесно лекувале 40-годишна пациентка во периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година, по што нејзината состојба се влошила и завршила со смртен исход.

Обвинителството наведува дека при првиот преглед не биле направени целосна анамнеза и детални испитувања, а пациентката била дијагностицирана со ревматоиден артритис и пуштена на домашно лекување.

При повторното јавување во болницата на 1 јуни, и покрај абнормалните лабораториски и биохемиски наоди, според обвинението не биле преземени дополнителни дијагностички испитувања за утврдување на причината за влошувањето.

На 4 јуни пациентката била примена во приватна клиника во Скопје во тешка општа состојба.

При итниот хируршки зафат била утврдена тромбоза на горната и долната мезентерична артерија, со целосна гангрена на тенкото и дебелото црево, состојба која веќе била неоперабилна. Пациентката починала на 5 јуни 2024 година.

Jumbo 2