Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обид за измени на Законот за патни исправи – техничкиот министер во МВР го најави својот прв потег на функцијата

/

Македонија

Сподели преку :

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги промовира нивните пет решенија за техничката влада, со оглед на тоа што се работи за релативно непознати луѓе за пошироката јавност. На партиската дебата, тие рекоа дека главна цел ќе им биде да спречат предизборни злоупотреби во овие сектори и да овозможат колку-толку кредибилен изборен процес, но оти ќе се обидат да решат и некои од проблемите на граѓаните.

Партискиот лидер Христијан Мицкоски рече дека е практично невозможно да се издадат пасоши за сите граѓани и оти е убеден дека ако се разговара со меѓународната заедница, тие ќе наидат на разбирање за овој проблем на граѓаните.

Тој изрази увереност дека неговата партија ќе победи на изборите и се надева дека ќе освојат апсолутно мнозинство од 61 пратеник. Обвини дека власта создава опозиција на опозицијата, како што ги нарече јастреби, кои треба да го поделат антивладиниот глас за да му нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Адвокатот Панче Тошевски, во техничката влада, ќе го предводи МВР, Ѓоко Велковски ќе биде во Труд и социјала, а за дополнителни заменици министри се предложени – Елена Петрова во финансии, Цветан Трипуновски во земјоделие и Стефан Андоновски во информатичко општество и администрација.

СДСМ реагираше дека ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада понудила слаби и нестручни кадри.

„Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се поранешни функционери во град Скопје а дел се кадри од времето на Груевски. Но, ниту еден нема зад себе некаков резултат“, реагира СДСМ.

И владејачката партија е уверена во победа на претстојните избори.

Срѓан Стојанчов

Jumbo 2