Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново Село: Загадена водата за пиење во Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино Ново Коњарево

/

Македонија

Сподели преку :

Загадување на водата за пиење се појавило во Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево и ул. Првомајска во Ново Село, информираат од општината. Оттаму појаснуваат дека загадувањето било минимално и се појавило како резултат на невремето од минатата недела.
– Ве известуваме дека како резултат на невремето од минатата недела, прекините во снабдувањето со електрична енергија и водоснабдувањето, појавено е минимално загадување на водата за пиење во Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево и ул. Првомајска во Ново Село. Се замолуваат граѓаните да не ја користат водата за пиење во наредните денови, додека се врши хлорирање и прочистување, се до добивање наредни анализи и потврди од докторите во ЈЗУ Здравен Дом, Струмица, стои во соопштението на општината. 

Jumbo 2