Итната медицинска помош добива нови возила, но недостигот од медицински кадар останува проблем. Медицинските екипи велат дека немаат доволно колеги, па со ограничен број луѓе треба да одговорат на повиците и да интервенираат кога на граѓаните им е најпотребна помош. Од вкупно 100 набавени возила, за Скопје се предвидени околу 20.
„Недостига кадар, треба да се вработат доктори, сестри, возачи“ , велат од Итната медицинска помош во Скопје
Слична е состојбата и во внатрешноста на земјава. Итните медицински служби се соочуваат со недостиг и од медицински персонал и од возила, што го отежнува секојдневното функционирање на службите, а вработените велат притисокот постојано се чувствува.
„Во Струмица има мал број возила во неисправна состојба со дефект. Работиме само со две возила“ велат од итната медицинска помош во Струмица
„Во Охрид возниот парк ни е релативно добар, но со кадар сме кратки- потребни се 12 екипи, а имаме 8“ велат од итната медицинска помош во Струмица
„ќе биде добро ако добиеме минимум две возила“, велат од итната медицинска помош во Струмица
Но зошто итната медицинска помош се соочува со недостиг од кадар? Министерот за здравство вели дека правеле анализа за потребите на службата до 2030-та година, а резулатите покажале дека највеќе недостасувале возачи. Но властите освен нови возила, најавуваат и други реформи во здравството. Започнале со планот да ја одвојат брзата помош која е во рамки на Здравствениот дом во Скопје, а планираат да воведат парамедици во тимовите. Целта е лекарите да се насочат кон ургентните центри, а итните екипи навремено да ги транспортираат пациентите.
Симона Петровска













