Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови шест случаи на заразено со салмонела во Берово- Се уште се чекаат анализите на дел од храната

/

Македонија

Сподели преку :

Се зголемува бројот на заразени деца со салмонела во беровскиот регион. Центарот за јавно здравје-Кочани денеска регистрира шест нови случаи, со што бројот на заразени деца во Берово се искажи на 11. Директорот, Гоце Серафимов вели дека за анализа пристигнати се нови мостри.

Претходно од оваа институција информираа дека од направените анализи на земаните мостри од површините и вработените во детската градинка 23 август се покажа дека нема салмонела, но се уште се чекаат резултатите од храната, кои најверојатно ќе се знаат во текот на утрешниот ден.

Случајот со бактеријата салмонела во беровската градинка „23 август“ е од минатата недела, кога беа потврдени пет случаи, а дали и новите шест се поврзани со градинката ќе се знае по направената анкета од епидемиологот.

Родителите реагираа на социјалните мрежи и посочија дека околу 40 деца имале здравствени проблеми со симптоми карактеристични на оваа бактерија. Кујната во градинката е затворена, се додека не се добијат три последователни негативни тестови.

Викторија Јованова

Површините во градинката во Берово без салмонела, утре се очекуваат резултати и од анализите на храна

Нема салмонела кај вработените и на површините во беровската детска градинка „23 август“, покажаа првичните резултатите од анализите на кочанскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ). Директорот Гоце Серафимов вели дека во однос на храната ќе се утврди во следните 24 часа, а сѐ уште пред нив останува отворена задачата да се утврди кој е причинителот… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2