На црвена позадина со жолти бројки и букви и со националната ознака NMK на сина позадина, над дваесетина возила денеска се закитија со нови регистарски таблички за државни возила. На промоцијата присуствуваа директорите на СОЗР и БЈБ, Ивица Томовски и Александар Јанев, како и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.
-Им дадовме насока и препорака на сите институции во државата да отпочнат со промена на тие таблици. Ова нека биде втор повик. Имаат рок до 15 септември, овој месец да ги брендираат сите возила. Доколку и тоа не го направат, ќе повикаме по трет пат да се брендираат, со цел до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локални избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, нагласи директорот на владината Служба за оопшти и заеднички работи, Ивица Томовски.
За оние институции и функционери кои што ќе заборават да ги пријават државните возила нема да има казни како за граѓаните. Томовски објасни дека Правилникот не предвидува казни, појаснувајќи дека доколку некои избегнат, односно не направат брендирање во рокот до 29 септември, тоа ќе мора да го направат со регистрација, кога ќе добијат посебни таблици во боја.“
Томовски, денес на прес-конференција информираше дека станува збор за околу 7 до 7,5 илјади државни возила, потенцирајќи дека МВР заклучно со 31 декември годинава презело обврска да направи регистар на службени возила.
Миомир Серафиновиќ

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат на денешната прес-конференција што ја најави Службата за општи и заеднички работи на Владата. Најавено е присуство на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот… Продолжи со читање













