Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова резидуална бактерија се појави во водоводот во Гостивар – рече Мицкоски, и ги урна очекувањата дека до крајот на неделата гостиварци ќе добијат чиста вода за пиење

/

Македонија

Сподели преку :

До крајот на неделава водата во Гостивар ќе може да се користи за пиење и за подготвување на храна. Ова се очекувањата на министерот за здрaвство Сашо Клековски, кој информираше дека денеска се регистрирани 71 нов пациент. Според него, намалување на бројката е резултат на подобрување на водата во градскиот водовод и веќе неколку дена таа се хлорира соодветно. Параметрите се подобруваат, а министерот верува дека водата ќе биде безбедна до крајот на неделата, иако одлуката треба да биде донесена од управувачкиот комитет.

„Верувам, бидејќи нивото на хлор е веќе подобрено, преземени се мерки за обезбедување на каптажата, преземени се други мерки, подобрено е контролата на системот така што мислам дека ќе биде“, рече Сашо Клековски, министер за здравство 254 секунда

Премиерот Христијан Мицкоски не го дели оптимизмот на министерот Клековски и изјави дека уште некое време водата ќе биде техничка.

„Се појави нова резидуална бактерија којашто во инсталациите е присутна бидејќи долго време не биле користени, а сега со прочистување на истите и со хиперхлорирањето се појавува во самите инсталации. Очекувам и овој предизвик да биде надминат и потоа очекувам конечно да се одобри таа вода и за пиење и за готвење“, рече Христијан Мицкоски, премиер.

Од СДСМ бараат политичка и кривична одговорност.

„Јавноста и денес нема добиено официјален, потпишан извештај за анализите на таканаречената „техничка вода“. Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал извештајот? Кој ја одобрил употребата на водата? Врз основа на кои параметри е утврдено дека е безбедна?“

И од независниот синдикат на државната администрација во име на нивните членови и граѓани на Гостивар побараа надпартиско дејствување, владеење на правото и одговорност. Владата на 21 јули прогласи кризна состојба во Гостивар. Министерот за одбрана Владо Мисајловски изјави дека армијата останува во градот и ќе им помага на гостиварци сѐ додека има потреба. Формален крај на епидемијата ќе биде прогласен кога ќе се утврди дека нема случаи поврзани со градскиот водовод.

Марија Митевска

 

Jumbo 2