Во ист ден, двапати закажана, двапати откажана комисијата за надзор на тајните служби за да се утврди датум за посета на АНБ и проверка на обвинувањата за следење на политичари, новинари и јавни личности.
Деловникот беше пречка за да се реализира намерата на спикерот Африм Гаши да го прескокне претседателот на комисијата Скендер Зејд Реџепи. Комисијата беше закажана првин во 11, па по заканите од Реџепи за кривични пријави и непочитување на деловникот- се одложи.
Потоа претседателот на комисијата Скендер Зејд Реџепи ја закажа седницата за во среда иако владеачките пратеници инсистираа се да се заврши денеска и посетата на тајната служба АНБ да биде во вторник.
Гаши се обиде пак да ја закаже за денеска во 17 часот и ја определи Славјанка Петровска од СДСМ да ја води комисијата наместо Скендер Зејд Реџепи.
Но, Реџепи кој е претседател на комисијата стигнал 10-на минути пред закажаниот старт и го зафатил претседателското столче.
Пратениците од комисијата зад затворени врати и со повишен глас на крај се договорија да го испочитуваат комисискиот претседател и неговиот термин во среда. По комисијата веднаш ќе ја посетат АНБ.

Закажана па откажана надзорната комисија за тајните служби. Претседателот на комисијата Скендер Зејд Реџепи воопшто не добил барање за да ја свика седницата и ја обвини владечката коалиција и спикерот Африм Гаши дека постапиле спротивно на деловникот и сам ја свикал комисијата. Откако ги предупредил службите во Собранието за потенцијално кривично дело, комисијата е поништена,… Продолжи со читање
Тензичниот ден заврши, а претходно во собраниската сала се менуваа пратеници со исти изјави дека работат во интерес на гласачите за ефикасен надзор на тајните служби.
Миомир Серафиновиќ













