Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов марш за ангелите во Кочани – „по 50 рочишта, сè уште во неизвесност чекаме одлука

/

Македонија

Сподели преку :

Во Кочани за попалднево закажан нов протестен марш. Почетокот е во 17:05 часот од Паркот на Револуцијата, под истото мотот Марш за ангелите, а со нова порака: „Педесет пати на улица и во судница – со истата болка, истите прашања и истото барање: вистина, одговорност и правда.

По педесет рочишта, сè уште чекаме – во неизвесност и исчекување на одлуката. Но нашата истрајност е посилна од секое одолговлекување“, велат организаторите на „Маршот на ангелите“.

Организаторите велат дека нема да се откажат сè додека вистината не излезе на видело и нема да дозволат да бидат замолчени. Маршот следи откако Во “5 до 12” сопственикот на Пулс Дејан Јованов Деко  доби нова истрага и нови 30 дена притвор. вчера му истече законскиот рок за притворот по обвинението за пожарот во Пулс  но не излегува на слобода туку се  пресели од притворското одделение во Куманово во затвор Шутка.

Обивнителството го сомничи дека му дал поткуп на службеник во министерството за економија   за да му обезбеди лиценца за угостителска дејност, без воопшто да поднесе барање и иако Пулс не исполнувал законски услови.

Jumbo 2