Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

 „Нема да ви се верува што се случи претходно“, во режија на Срѓан Јаниќиевиќ, го затвора „Браќа Манаки“

/

Култура

Сподели преку :

Македонскиот филм   „Нема да ви се верува што се случи претходно“, во режија на Срѓан Јаниќиевиќ,  вечерва го затвора  фестивлот  „Браќа Манаки во Битола.  Станува збор за политички трилер со елементи на црна комедија, во чиј фокус се вистината, слободата на новинарството и обидот да се зачува личниот и професионалниот интегритет. Режисерот вели дека, покрај добрата актерска игра, визуелниот  израз  е еден од елементите што го прават филмот возбудлив за гледање.

„Камерата цело време му става столбови на сценариото. Во филмот нема ништо спектакуларно. Тоа е филм кој седнуваш, го гледаш, уживаш, те интересира што понатаму и поентата е тоа што е жанрот политички трилер. Но, многу битен е моментот како е тоа направено, вели Срѓан Јаниќиевиќ, режисер.

Филмот е претежно снимен во автомобил, во ноќни сцени, на неколку локации во  и околу Скопје .Директорот на фотографија, Дејан Димески, вели дека по предлог на Јаниќиевиќ примениле нов начин на игра со светлото.

– Јаниќиевиќ ми вели: „Освен светлото што го имаме, ќе пуштиме и два бим-проектори директно да работат во актерите“. Се договоривме колористички како сето тоа да се реализира. Тоа беше многу интересен обид кој е доста успешен и ќе го применуваме понатаму, вели кинематограферот Дејан Димески. 

Сценариото на македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ е на Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски. Главните улоги ги толкуваат Никола Ристановски и Дарја Ризова, а во актерската екипа се и Сашко Коцев, Сара Сандева и Оливер Митковски. Проекцијата на филмот е вечерва, по свеченото доделување на наградите за најдобрите кинематографери на 47. издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“.

Емилија Мисирлиевски

 

Jumbo 2