Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нехигиената во земјата ги одвраќа странците, велат од Tуристичко-угостителската комора – бројот на туристи намален во споредба со лани

/

Македонија

Сподели преку :

Нечистотијата го зема данокот од туризмот. Од Туристичко-угостителската комора велат дека нехигиената во земјата ги одвраќа странците. А, за големиот пад на бројот на туристи во јуни улога има и војната на Блискиот Исток. Дополнителен проблем претставува сивата економија, односно непријавувањето на странците кои туристички престојуваат тука. Решенија има, велат засегнатите, но потребни се конкретни акции за подобрување на состојбите во туристичкиот сектор.

Нечистотијата во земјава се одразува на туризмот, сметаат засегнатите, иако велат и дека падот на бројот на туристи во јуни е толку голем делумно и како последица на неизвесноста со случувањата на Блискиот Исток.

Имено, Државниот завод за статистика објави дека во јуни бројот на туристи е намален за 10,3% споредено со истиот месец лани. Или, во апсолутна бројка, земјава угостила 113.436 туристи, односно за дури 13.000 помалку од лани. При тоа, намалувањето е единствено кај странците, кои се за над 13% помалубројни од лани, додека бројот на домашни туристи е зголемен за 1,8%.

Претседателот на Туристичко-угостителската комора со јавен апел до ресорното министерство и локалните власти да се погрижат за хигиената во државата.

  • „Падот на туризмот е заради нечистотијата. Во изминатите години таа ни носи големи минуси. И сега затоа јавно би го замолил министерот за култура и туризам наредните денови кога ќе може да ги посети Охрид, Струга, да го посети Дојран, да ја посети Преспа, да види во Скопје да направи една акција за да види дали е сè океј, дали е чисто, ама и вие новинарите да ни помогнете во сето тоа да издејствуваме да се исчистат барем булеварите, градските плоштади, главните артерии на улиците каде што гравитираат туристите.
    Тоа што минатите години беше нечистотијата се рефлектира, за жал, врз туризмот. Луѓето беа несреќни кога поминуваа низ градските плоштади, камениот мост, низ местата во Охрид и другите артерии во државата и гледаа нечистотија“, вели Аркан Керим, претседател на Туристичко-угостителска комора при Сојузот на стопански комори (ССК).

Според Керим, Македонија има проблем и со самото водење официјална евиденција на бројот на туристи и нивниот престој тука.

  • „Има сега еден куршлус се јавува во доаѓање на аеродромот, колку луѓе доаѓаат, а колку туристи се пријавуваат. Е, сега, во изминатите неколку дена сме сведоци дека УЈП прави една кампања во која што доброволно ги тера станоиздавачите да ги пријавуваат туристите за да имаме подобра евиденција, бидејќи верувајте ми, ние како комора апелиравме дека отприлика околу 40-50% од туристите што доаѓаат во државата се сместуваат во станови и тие не се пријавени никаде. Ако сега се воведе таа евиденција ќе видиме рапиден скок на бројот на туристите, што е и нормално. Ние знаеме дека ги има туристите, меѓутоа не ги гледаме, тие туристи се сместуваат во станови, не излегуваат по ресторани, не трошат пари“, вели Аркан Керим, претседател на Туристичко-угостителска комора при ССК.

Туристичкиот промет на годишно ниво во Македонија изнесува меѓу 600 и 700 милиони евра, а тоа, според Керим, е малку и стремежот е со добра национална стратегија да се достигне барем една милијарда евра.

Мирјана Јовеска

Б.С.

Jumbo 2