Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наместо да ги демотивираат, патоказите ќе послужат како инспирација на останатите кандидатки, тврди Кос

/

Македонија

Сподели преку :

Европската комисија го усвои пакетот на пред-пристапни проценки кои ги направи за модификување на политиките и процесите за проширување на Унијата, потврдувајќи дека по објавувањето на извештаите за напредок на земјите кандидатки ќе ги објави фамозните патокази за четирите фаворитки, Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија.

Овие земји покажаа значителен напредок во смисла на подготвеност изминативе години. Во извештаите за проширување на крајот на октомври, 28 октомври, имаме намера да објавиме патокази за овие држави. Сакаме да им помогнеме да го одржат реформскиот напредок, и тие патокази ќе ги утврдат следните чекори, рече еврокомесарката.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос соопштувајќи ја одлуката по состанокот на колеџот, инсистираше дека патоказите за овие четири земји нема да ги демотивираат останатите кандидатки во нивните процеси, напротив, треба да им послужат како инспирација.

Именувањето на овие предводнички значи дека тие испорачале, а некои од нив под многу тешки услови. Многу години слушавме дека ние во ЕУ го заборавивме Западен Балкан, две од предводничките се од Западен Балкан и тие може да ги мотивираат сите останати, порача кос.

Покрај тоа, во пакетот комисијата најавува дека ќе продолжи да се залага за воведување промени во начинот на кој се носат одлуките во унијата, односно принципот на едногласност да биде заменет со квалификувано мнозинство во повеќе од клучните области како енергетика и воведување санкции. Комисијата исто така препорачува принципот на едногласност да се напушти и во процесот на проширување, односно за отворање на преговори и поглавја да се користи принципот на квалификувано мнозинство, што во европски превод значи согласност треба да дадат 15 од 27-те земји членки на унијата.

Игор Трајков

Jumbo 2