Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најстарото возило е 98 години – изложба на олдтајмери во Кавадарци

/

Македонија

Сподели преку :

Изложба на олдтајмери денеска во Кавадарци, најстарото возило е 98 години. Настанот е во рамките на традиционалната стопанско- туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“, што го организира кавадаречката локална самоуправа.

„Оваа година имаме пријавено околу 70 возила. Очекуваме да дојдат малку повеќе, т.е. веќе доаѓаат некои непријавени. Интересното за оваа година е што имаме возила коишто се стари скоро 100 години, односно 98, другото е точно 90 години, имаме уште едно што е околу 86 години. Станува збор за возила што досега не дошле во Кавадарци и многу ретко се појавувале некаде низ Македонија“, изјави Кирил Димитров Урошев, претставник на Авто-мото клубот што ја реализира изложбата, за МИА.

Изложени се автомобили од разни краеви на државата.

„Сите учесници, љубители на автомобили, кои посветено и со многу љубов се грижат за нив, добиваат признание за зачувување на културното наследство, бидејќи овие автомобили се своевиден дел од културното наследство. Тие говорат за тоа, како се движеле културата и развојот на автомобилизмот“, потсети тој. 

Фото: mia.mk

Jumbo 2