Расте бројот на случаи со пертусис, расте и бројот на деца кои се вакцинираат, но и оние кои гледаат како да ја ескивираат имунизацијата.
Во меѓувреме и покрај тоа што пред точно една недела Комисијата за заразни болести даде препорака да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје и децата кои не се вакцинирани или се делумно вакцинирани да не се примаат во градинка до овој момент без одлука на влада за надлежните да реагираат на лице место и да знаат кои одлуки стапуваат на сила.
Според Младеновска Државниот здравствен и санитарен инспекторат во континуитет врши проверки на нивото на вакцинираност кај децата во соработка со сите здравствени домови низ државата.
Комисијата за заразни болести ги носи препораките и ги испраќа до Владата на РС. Македонија, каде што Владата треба да донесе конечна одлука, кои од тие препораки ќе стапат на сила, кои не и согласно препораките ќе се знае кои надлежни институции ќе постапуваат по истите. Сега во оваа ситуација очигледно е и разбирливо до некаде дека градинките немаат право да ги враќаат децата дома, односно да не ги примаат во градинките затоа што не е конечна одлуката од страна на влада на Р.С Македонија, вели директорката Малденовска.
За родителите кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца, вели Младеновска казните се околу 300 евра, има родители кои не сакаат да ги вакцинираат децата, си ја плаќаат казната, но со тоа не се решава проблемот.
Градинките испратија допис до родителите да ги ажурираат и достават податоците за вакциналните картони на нивните деца.
Во моментов ги примаме сите дечиња во нашата градинка се додека не добиеме поинакви насоки од нашето ресорно министерство или Центарот за јавно здравје, вели директорката на градинката „Мајски цвет“ Татјана Божиновска- Миладиновска.
Во вакциналниот пункт во Бит пазар се зголемува бројот на деца кои се вакцинираат. Медицинските лица со апел дека вакцините треба навремено да се примаат и да не се одолговлекува по цена на здравје на самите деца.
Многу од родителите доаѓаат сега да си ги проверат само вакциналните статуси, затоа што поминало многу време, има деца кои се и повозрасни, а не дошле кога биле помали, вели д-р Соња Ралева од поликлиниката Бит Пазар.
Според податоците на Институтот за јавно здравје до денес вкупниот број на заболени лица со пертусис е 33, најголем број случаи се во Скопје 27, според општини најмногу има во Аеродром и Ѓорче Петров.
Сепак за медицинските лица бројката е многу поголема и затоа треба да се биде исклучително внимателен во начинот на кој истото ќе се превенира.
Нина Стефанова













