Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 200 повици дневно во Итната медицинска помош поради жештините

/

Македонија

Сподели преку :

Високите температури го зголемија бројот на повици до Итната медицинска помош. Дневно се регистрираат повеќе од 200 интервенции, најчесто поради колапси на јавни места или влошување на здравствената состојба кај граѓани во домашни услови.

Информираат дека во периодот на топло време се зголемени случаите со симптоми како вртоглавица, гадење, малаксаност, прегревање на телото и топлотен удар.

Кај хронично болните лица жештините можат да предизвикаат дополнителни проблеми, вклучително и нарушувања на крвниот притисок, срцеви и мозочни удари.

Лекарите препорачуваат избегнување директно изложување на сонце од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, особено вода, лесна храна и носење соодветна облека и капа при излегување.

На хронично болните им се советува редовно да ја земаат терапијата и почесто да го контролираат крвниот притисок и шеќерот во крвта.

Jumbo 2