Во осум часот утринава, со трката на натпреварувачите кои трчаат пет километри, започна 22-то издание на Визер Скопскиот маратон. Пет минути подоцна, својата трка ја започнаа и луѓео кои ќе го трчаат маратонот од 42 километри, полумаратонот од 21 километар и штафетниот маратон
Годинава Скопскиот маратон ќе има рекорден број учесници – 15.050 натпреварувачи од вкупно 63 земји од светот.
Особено голем е порастот на бројот на пријавени во маратонската и полумаратонската трка, што според организаторите е потврда за растечкиот квалитет и меѓународниот углед на настанот.
Маратонската и полумаратонската трка стартуваа од улицата „Димитрие Чуповски“ кај Рекорд, а целта за сите дисциплини е на плоштадот „Македонија“.
Поради маратонот, утрово во Скопје е воведен посебен режим на сообраќај, а повеќе улици и булевари во Центар, Карпош и Аеродром се привремено затворени или со пренасочен сообраќај.
Учествуваат и елитни натпреварувачи од Кенија, а меѓу главните домашни адути повторно е Дарио Ивановски. Ланскиот победник и миленик на домашната публика ќе се обиде уште еднаш да се вмеша во битката за највисок пласман.













