Министерството за здравство информираше дека досега се заболени вкупно 55 лица со Западнонилска треска од кои 53 се потврдени, а двајца се суспектни. Од вкупниот број на заразени, еден е без хоспитализација, сите останати се хоспитализирани.
Во моментов, 19 лица се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Врвот на оптовареност на Клиниката е на 12 август, кога имало 24 хоспитализирани случаи. Најмногу хоспитализации имало во периодот од 3 до 24 август. Речиси четири пати повеќе мажи се хоспитализирани отколку жени, а сите починати се мажи.













