Откако ДУИ објави во соопштение дека од страна на полициски службеници при нивно постапување физички брутално биле претепани две лица од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот.
–По објавите во дел од медиумите дека на 07.10.2026 година, на подрачјето на Скопје, две лица биле физички нападнати од полициски службеници при нивното постапување, при што, според нивните наводи, им бил оштетен и автомобилот, министерот за внатрешни работи наложи на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот. Одделот презема мерки и активности за целосно утврдување на фактичката состојба и околностите на настанот, како и за утврдување на евентуална одговорност на инволвираните полициски службеници, велат од МВР.
Од таму соопштуваат дека по утврдувањето на фактичката состојба ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Демократската Унија за Интеграција бара целосно расветлување на случајот со двајцата млади на возраст од 21 и 23 години, кои, според нивните изјави, биле брутално малтретирани од полицијата. Според информациите, во интерниот полициски извештај се тврди дека младите му го одзеле пиштолот на еден полициски службеник, додека, според нивните изјави, оружјето завршило во нивното возило… Продолжи со читање













