Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР: Налепниците со новата ознака за возилата во државата „НМК“, ќе чинат најмногу 50 денари

/

Македонија

Сподели преку :

Налепниците со новата ознака за возилата во државата „НМК“, ќе чинат најмногу 50 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат, согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.

  • Согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Северна Македонија број 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари, додаваат од МВР.

Обврската за користење на кодот „НМК“ на регистарските таблички е од Преспанскиот договор.

Jumbo 2