Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски го повика бугарскиот амбасадор Радуков за бегството на Михаилова – од членка на ЕУ се очекува да ги почитува судските одлуки

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска го повика бугарскиот амбасадор во земјава, Желјазко Радуков, поради начинот на кој Ива Михајлова била пречекана во Софија, како и најавите за нејзин прием на високо ниво.

Од МНР оценуваат дека ваквиот пречек претставува провокација, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивен на заложбите за развој на добрососедските односи.

На средбата со амбасадорот било нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на Македонија и испраќа погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот.

„Националната припадност или поседувањето друго државјанство не смеат да служат како основа за заштита од одговорност пред надлежните институции“, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Оттаму посочиле дека од Бугарија, како членка на Европската Унија, се очекува да постапува во согласност со основните европски принципи, вклучително и почитувањето на судските постапки, институционалната соработка и владеењето на правото.

МНР најави и дека ќе преземе соодветни чекори за информирање на меѓународните институции, особено оние на Европската Унија и Советот на Европа.

Од Министерството нагласуваат дека остануваат посветени на развојот на добрососедските односи засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, но очекуваат истата посветеност и одговорност да ја покаже и бугарската страна.

 

Jumbo 2