Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР побара извинување од Софија

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за надворешни работи со протест до бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков, по изјавата на бугарскиот министер за надворшни Георг Георгиев.

Тој бил повикан на разговор во МНР и му било укажано на несоодветноста на ваквиот јавен дискурс од висок функционер на бугарската влада. Министерството за надворешни работи најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон премиерот Христијан Мицкоски и институциите на Македонија.

Таквите изјави, во кои се користи недоличен речник и се омаловажуваат претставници на суверена држава, претставуваат директна повреда на основните принципи на меѓународното право и дипломатската комуникација.

Изјавите не придонесуваат за унапредување на добрососедските односи и се во спротивност со духот на конструктивен дијалог и заемно почитување што треба да ја води соработката меѓу двете земји, пишуваат од Македонското министерство за надворешни работи и надворешна трговија и очекуваат официјална Софија да упати извинување.

Бугарија го обвини Мицкоски за „непријателство“

Бугарското Министрество за надворешни работи реагираше на серијалот обвинувања од македонските политичари за обид за „геноцид„ на нашата нација, за обезличување, за уништување и слично, оценувајќи ги како крајно навредливи и непријателски кон нивната држава. Повод беше повикувањето на бугарскиот амбасадор во македонското МНР за да му се изрази протест поради именувањето на нашиот премиер… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2