Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Младите „опседнати“ со тик-ток предизвици за кои се плаќа и со живот

/

Македонија

Сподели преку :

Од друштвена игра до смртоносна забава. „Тик-ток“ апликацијата е замислена како друштвена мрежа за споделување куси видеа. Постои со години, а зад името на овој бренд веќе се поврзуваат многу смртни случаи, кривични дела и безброј злоупотреби и измами.

Младите признаваат дека голем дел од времето го поминуваат и се зависни од оваа социјална мрежа. Најголемиот дел од нив го прават заради популарност, а дел од нив и заради забава.

Младите на оваа друштвена мрежа едни со други си поставуваат предизвици кои треба да ги исполнат за да бидат популарни, а некои до мера дури и да  го загубат животот.

Се повеќе сведоштва говорат колку овие игри можат да бидат опасни. Од лежење на улица пред автомобили, па се до поигрување со висок напон.

Играта на младите често се одвива зад грбот на родителите. Не можат да ја запрат, но и се помалку време им останува да се вклучат во воспитувањето за новите и опасни технологии и предизвици.

Проблемот е се поприсутен, само со едукација на младите, разговор со родители и психолози кои ќе ги запознааат со сите опасности што ги чекаат е решението да престане овој тренд на предизвици кои ги преплави младите советуваат психолозите.

Психолозите и лекарите предупредуваат, но како никој да не ги слуша. Оваа појава се третира како игра, иако со себе повлекува многу престапи. Дека тоа е така говори и билтенот на полицијата. Ретки се случаите кога граѓани ги пријавуваат случаите во кои во видеата на Тик ток има кривични дела. Па оттука, и ставот на експертите е дека само преку едукација, но и казнивост може да се запрат овие девијантни општествени појави.

Симона Петровска

Jumbo 2