Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

 Михаилова побегна во Бугарија – МВР соопшти дека таа не ја напуштила Македонија легално

/

Македонија

Сподели преку :

Ива Михаилова, ноќеска побегна во Бугарија. Таа утрово, заедно со нејзиниот адвокат од Бугарија даде изјава од бугарски граничен премин а во изјавата двајцата лажеа дека таа легално ја минала границата што е невозможно бидејќи се наоѓа на СТОП листа.
Во изјавата таа најави дека ќе оди на лекувања и не најави дека ќе се врати во Македонија за следното рочиште закажано за почетокот на идниот месец.

„Сосема легално. Вчера пред границата се сретнав со мојот адвокат (Николај Димитров н.з.). –Што ќе правите сега? Сега треба да ме примат во болницата Пиргов и да почне лекувањето“ – изјави Михаилова.

„Министерството за надворешни работи си работи по дипломатски пат. Нашиот пат не е толку дипломатски но во овој случај требаше да се дејствува на тој начин. На граничен контролен пункт ги покажавме документите и поминавме. На луѓето од македонска страна им беше кажано дека тоа е Ива Михаилова, никој ништо не ни кажа“ – вели адвокатот Димитров.

Од МВР официјално за Телма потврдија дека нема регистрирано легален излез од државата на лицето Ива Михаилова.

„МВР  изврши проверки во системот за гранична контрола при што е утврдено дека за лицето Ива Михаилова, за кое е во сила активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Р. Македонија. Дополнително, преку заедничкиот контакт центар со Р. Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Р. Бугарија“ – изјави за Телма, портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Адвокатот на Михаилов, Насер Рауфи вели дека немал никаква информација дека таа планирала бегство во Бугарија и дека е затечен. Нагласува дека на неговиот клиент му била неопходна медицинска помош и лекување кое можело да биде обезбедено само во Бугарија.

„Јас сум затекнат со оваа состојба да ви кажам право. Меѓутоа сепак мислам дека нејзиното одење беше оправдано имајќи ја предвид здравствената состојба на Ива Михаилова. Не се работи за некакво бегство туку причините за нејзиното заминување би рекол дека се строго од здравствени причини. – Имавте контакт со неа? Ви најави ли дека си замина? -Јас немав никакво такво сознание, не бев консултиран од никого. Пак ќе повторам, сметам дека нејзиното одење беше неопходно за да се избегне инвалидност и мислам дека тоа е единствената причина“ – вели адвокатот Насер Рауфи.

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, рече дека ќе бидат преземени мерки за испрашување на Михаилова и за утврдување кога, каде и како ја преминала границата.

Основниот суд во Кочани, заклучно со денес, нема добиено никакво известување дека Мијалова ги прекршила изречените мерки на претпазливост.

„На лицето му се изречени мерки на претпазливост односно, одземени се македонската и бугарската патна исправа, изречена е забрана за напуштање на државата со лична карта, забрана за напуштање на местото на живеење и задолжително јавување во кочанската полиција секој понеделник во 10 часот“ – соопшти Основниот Суд од Кочани.

Ива Михаилова од Кочани е обвинета за тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот, за сообраќајна незгода која ја предизвика во октомври минатата година а во која загина едно лице. Обвинителството тврди дека возела со недозволена брзина и навлегла во спротивната лента додека одбраната го оспоруваше обвинението и вештачењето.

Огнен Чанчаревиќ

Jumbo 2