Премиерот Христијан Мицкоски повика на поддршка од граѓаните на Брвеница, без разлика на етничката и партиската припадност, апелирајќи да гласаат според разумот и срцето, а не по етнички клуч.
Касами, пак, оцени дека опонентите од ДУИ, наместо да понудат подобра кампања, се фокусирале на Вреди и на докажување кој победил, додавајќи дека партиите самите треба да понудат најдобра програма за граѓаните.
Во Брвеница во недела ќе се одржи вториот круг од предвремените локални избори, а во изборната трка ќе се судрат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Радичевски и кандидатот на ДУИ, Јахиј.













