Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: И родителот и Ива Михаилова ќе одговараат кога-тогаш, жалам што од неа прават естрадна ѕвезда и кловн

/

Македонија

Сподели преку :

И родителот и Ива ќе одговараат кога-тогаш, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во владата посветена за нов инвестициски проект на компанијата „Кромберг и Шуберт“.

„Ако некој мисли дека на овој начин обезбедил одредена заштита, на начин на кој што се обидува да ги наруши меѓусоседските односи меѓу двете држави. Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата што самата себеси ја прави на меѓународен план. Но, тоа е нивна одлука, тие избрале ваква политика. Жалам што тие наместо лице правосилно осудено да го вратат тука да ја отслужи казната, тие од него прават естрадна ѕвезда и кловн и жалам што млада девојка која што најголемиот дел од својот живот и образование го стекнала во својата татковина Македонија, одлучила да биде ова што денеска се претставува кај нашиот источен сосед“, изјави премиерот Мицкоски.

Тој ги демантираше информациите во бугарските медиуми дека Ива Михаилова, заедно со нејзиниот адвокат, минале на регуларен граничен премин.

„Тоа претставува лага. Toa e прво. Второ, последен пат од она кое што ние го имаме евидентирано, а потврдено и од бугарската страна, адвокатот влегол на 28 септември, а не е точно тоа што го тврдеше. Иако станува збор за личност со сомнително минато, сепак, сакам овие работи да ги знае јавноста. Исто така можам да потврдам дека на нелегален начин е пренесена во Бугарија, истражуваме, МВР истражува и ќе дојдеме до сознанија на кој начин е однесена“, рече Мицкоски.

С.Д.

Jumbo 2