Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меѓународниот ден на знаковниот јазик – во Македонија со него комуницираат околу 7.000 луѓе

/

Македонија

Сподели преку :

Секоја година на 23 септември, светот го одбележува Меѓународниот ден на знаковните јазици, прогласен од Обединетите нации со резолуција, усвоена на 19 декември 2017 година.

Според проценките на Светската федерација на глуви лица, повеќе од 70 милиони луѓе во светот припаѓаат на заедници кои секојдневно комуницираат со знаковен јазик, користејќи повеќе од 300 различни знаковни јазици, а меѓу нив се и неколку илјади луѓе во Македонија.

 Датумот не е случаен: истиот ден, во 1951 година во Рим, е основана Светската федерација на глуви лица, организацијата која денес работи директно со ОН на заштита на правата на глувите луѓе.

Денот е дел од Меѓународната недела на глувите, која оваа година трае од 21 до 27 септември и постои уште од 1958 година, односно дури 60 години подолго од самиот Ден на знаковните јазици.

И Македонија има закон што го признава правото на употреба на знаковниот јазик, но секојдневието на глувите и наглувите граѓани покажува дека меѓу правото запишано во прописите и неговото практично остварување сè уште постои големо растојание.

Полиција, банки, здравство, администрација, медиуми – токму таму каде што комуникацијата е најпотребна, пристапноста често недостига. Во Македонија со знаковен јазик комуницираат околу 7.000 луѓе.

Jumbo 2