( Фотографијата е илсустрација)
Мечка угина откако во неа удри патничко возило на автопатот Скопје-Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 23 октомври околу 22:15 часот во СВР Скопје. Возило „волво“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 36-годишен жител на Гостивар, удрило во дивото животно.
Ветеринар од Зоолошката градина Скопје констатирал дека мечката е угината. На местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.













