Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марковски не е во бегство, во сабота се враќа во Македонија – вели адвокатот на битолскиот бизнисмен кој понуди 5 милиони евра гаранција за Судот да му го врати одземениот пасош

/

Македонија

Сподели преку :

Марјан Николоски, адвокатот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски за Телма вели дека неговиот клиент не е во бегство, туку имал работни обврски во Србија каде има фирма.

Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, вчера ја  напушти државата откако Основниот суд во Струга му го врати пасошот кој претходно му го одзеде како мерка на претпазливост. Марковски и уште седум други лица беа осомничени за кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“.

Неговиот адвокат вели дека Марковски има работни обврски во Србија и во сабота се враќа во Македонија.

„Тој има сериозна фирма во Србија. Без него не може да функционира. Денеска и утре има тешки состаноци. Сабота ќе биде во Македонија. Значи не станува збор за бегство. Тој има гаранција оставено.

На крајот на краиштата не се чувствува ни виновен. Ние сакаме да почне судењето и брзо да се заврши затоа што сметаме дека ќе ја одкажеме невиноста“, вели Николоски.

Гаранцијата што Марковски ја дал за да му биде вратен пасошот  е во износ од 5 милиони евра во недвижен имот.

Од Обвинителството објаснуваат дека  барањето за укинување на дополнителните мерки за претпазливост изречени при определувањето на гаранцијата е поднесено од одбраната на обвинетиот. Обвинителството најпрво го одбил предлогот, но потоа го прифатил.

„Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга првично на 15.06.2026 година даде негативно мислење за прифаќање на ова барање. Откако одбраната поднела ново барање, јавниот обвинител го реферирал предметот во Вишото јавно обвинителство Битола. Од реферирањето е изготвен записник, при што Вишиот јавен обвинител донел заклучок со кој понискиот јавен обвинител го задолжил да поднесе позитивно мислење да се уважи предлогот на одбраната за враќање на привремено одземената патна исправа“, соопштуваат од Обинителството.

Како аргументи за ваквата одлука, Вишиот јавен обвинител навел  дека со определената гаранција се исклучени околностите кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетиот, а биле прифаатени и  аргументите на одбраната дека обвинетиот поседува фирма во Република Србија чие работење е сериозно доведено во прашање и постои можност да биде нанесена ненадоместлива штета доколку тој во најкраток можен рок не отпатува таму за да потпише документација во врска со работењето на фирмата.

Од Оббвинителството додаваат дека „сите аспекти на ваквата одлука и соодветната аргументација ќе бидат испитани“ и нагласуваат дека  „во моментов не може да се смета дека обвинетиот е во бегство и тој има обврска да се јавува пред судот“.

Марија Митевска

 

Jumbo 2