Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план. Со години гледаме како мал дел на корумпирани судии и обвинители работеа под принципот за едни законот да важи веднаш, а за луѓето на СДС и ДУИ, предметот да заврши поинаку, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
Соред Манасиевски на судиите и обвинителите кои мислат дека и понатаму можат да одработуваат за старите центри на моќ, треба да им биде јасно дека времето на СДС и ДУИ заврши, а мора да заврши и времето на нивната заштита во правосудството.
Тој рече дека Македонија заслужува независно судство и обвинителство, а не политички бастион.













