Градоначалникот на Кочани Владко Грозданов во изјава за Телма вели дека училиштето во координација со МВР и Обвинителството ќе ги преземе сите мерки во случајот со шест и полгодишно дете кое било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца во соблекувална на спортска сала во основно училиште во Кочани.
Како што објасни градоначалникот земена е изјава и од шест годишното дете чиј родител го пријави случајот, но и од сите деца кои учествувале во немилиот настан, исказите како што изјави Грозданов за Телма им биле различни.
Инаку случајот на 24 септември во ОВР Кочани го пријавил 42-годишниот татко на детето. Според пријавеното, во настанот биле вклучени неколку малолетни деца, повозрасни од неговото дете.

Шест и полгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца во соблекувална на спортска сала во основно училиште во Кочани. Случајот на 24 септември во ОВР Кочани го пријавил 42-годишниот татко на детето. Според пријавеното, во настанот биле вклучени неколку малолетни деца, повозрасни од неговото дете. „На… Продолжи со читање













