Граѓаните без проблем можат да излезат од државата на граничниот премин Табановце кон Србија, и со лични карти кои се со името Република Македонија, но се со важечки датум, соопштија од Министерството за внатрешни, откако утрово министерот Панче Тошковски беше на Табановце, за да види како се одвива преминувањето на границата на возила и патници кон Србија.
Тошковски повтори дека граѓаните имаат право, доколку бидат спречени да излезат од државата, да добијат писмено образложение со причините за тоа.
Исто така, српската гранична полиција му потврдила на Тошковски дека преминот на македонските граѓани се одвива непречено.













