Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб, злоставувал дете за време на летот од Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

65 годишен македонски државјанин бил уапсен на аеродромот во Загреб поради злоставување на малолетно лице, и тоа во авион за време на летот од Скопје до хрватската престолнина, објавуваат тамошните медиуми.

Како што наведуваат во своите објави, во инцидентот кој се случил пред неколку денови, жртвата, 15 годишно девојче, патувала сама и помош побарала од една од стјуардесите, повикувајќи ја за да ја праша нешто со помош на телефонот. Кога стјуардесата го земала телефонот на него имало порака со апел за помош.

Препознавајќи ја сериозноста на ситуацијата, стјуардесата го однела девојчето во кокпитот, каде таа на пилотите им кажала дека човекот недолично ја допирал под изговор дека ѝ помага да го намести каишот на седиштето.

Пилотот веднаш ја известил контролата на летање во Загреб и мажот по слетувањето бил уапсен од хрватската полиција.

Jumbo 2