Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија над просекот на ЕУ по работоспособно население

/

Македонија

Сподели преку :

Македонија има поголем удел на работоспособно население од просекот на Европската Унија. Според податоците на Евростат, лицата на возраст од 20 до 64 години сочинуваат 59,5% од населението во земјава, наспроти 58,3% во ЕУ.

Меѓу осумте плански региони, највисок удел на работоспособно население има Полошкиот регион со 61,6%, додека најнизок е во Скопскиот регион, каде што изнесува 58,3%.

Во ЕУ, највисок удел од најмалку 63% е регистриран во 22 регионa во Германија, како и во неколку региони во Данска и на шпанските острови. Спротивно, во 189 региони работоспособното население сочинува помалку од 55% од вкупната популација.

Jumbo 2