Прво деблокирање на евроинтегративниот процес, па потоа патокази за Македонија – најави денеска еврокомесарката за проширување Урсула фон дер Лајен на прес конференцијата по средбата со премиерот Христијан Мицкоски.
На средбата главна тема било деблокирањето на Македонија. Урсула фон дер Лајен вели дека „кога ќе се случи тоа, може да бидеме брзи со Македонија бидејќи интензивно се работи на реформите“.
Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија кои веќе отвораат и затвораат поглавја и се длабоко во процесот добија патокази од Евоспката унија. Урсула фон дер Лајен очекува Македонија брзо да оди по овој пат но најпрво е потребна деблокада на процесот.
„Импресивно е она што досега е направена и сега сме фокусирани да го деблокираме процесот за да можеме да дојдеме со патоказ и во Северна Македонија“ рече таа.
Како прв чекор за деблокирање на процесот, Фон дер Лајен предложила а Мицкоски прифатил – земјата да испрати покана за средба со властите во Софија.
Ккако што рече Мицкоски, тој побарал од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски да испрати дипломстак нота за времето на состанокот. Муцунски ќе шрисуствува во Софија на средби за Коридорот 8.
„ Ќе излезам од формалниот дипломатски речник. Од претседателката добив совет, веќе следната недела нашиот министер за надворешни работи е во Софија причина за тоа е Коридорот 8, да побараме од домаќинот средба на билатерална основа. Јас веднаш побарав од министерот да испрати дипломатска нота и да побара време за средба и состанок со неговата колешка и да почнеме процесот од некаде да го движиме“, рече премиерот Мицкоски.













