Љупчо Пецов – Ѓаволот е осуден на условна казна затвор од две години, парична казна од 8.000 евра и десетгодишна забрана за вршење дејност како основач или управител на правно лице. За ваквата пресуда донесена пред еден месец на 24 август 2026 година, Судот информираше денеска откако таа станала правосила затоа што немало поднесено жалба.
Објавата на пресудата се совпаѓа со утринското предавање на надлежните органи на Стојан Чифлигароски, обвинет исто така во „Синџир“ кој по три години бегство е уапсен при обид за влез во државата на граничниот премин „Свети Наум“.
И Ѓаволот беше во бегство но и тој сам се предаде по што му беше одреден куќен притвор поради нарушено здравје. Акцијата „Синџир“ отворен кон крајот на 2023 година Обвинителството ја водеше против 26 лица и 28 компании кои создале шема за даночно затајување преку фиктивни ДДВ-фактури со што државниот буџет го оштетиле за околу осум милиони евра.
Љупчо Пецов се гонеше како еден од организаторите на групата, а неговата фирма „Алма-комерц Ангел Пецов“ ДООЕЛ се наведуваше како клучен генератор на лажни фактури со кои се намалувал даночниот долг на поврзани компании.
На обвинетото правно лице ДУТУД А.К.А.П. ДООЕЛ, кое е во стечај, сега Судот му изрече парична казна од еден милион денари и доби забрана во траење од пет години за добивање дозвола, лиценца и концесија утврдени со посебен закон, учество во постапки по јавен повик и основање нови правни лица. Од судот посочуваат дека при одмерувањето на казната била земена предвид и потребата од процесна избалансираност со останатите обвинети во овој комплексен кривично-правен случај. И тие ја признале вината, ја надоместиле причинетата штета и во раздвоените постапки добиле алтернативни мерки.
Дел од обвинетите во „Синџир“ претходно склучија спогодби со Обвинителството и добија затворски и парични казни, но постапката за Пецов беше прекината, бидејќи беше во бегство и за него беше распишана потреница.
Серијата скандали кулминираа со последната афера за поткуп на екс-државниот правобранител Фехми Стафа. Според Обвинителството, Стафа, кој во меѓувреме станал адвокат на Пецов, е осуден дека примил 50.000 евра од сестрата на Ѓаволот за да влијае врз судија во Апелациониот суд Скопје и да издејствува укинување на притворот во „Синџир“. Од ова потоа произлезе и обвинението против апелацискиот судија Ѓоко Ристов кому му се суди за злоупотреба на службената положба. Инаку Пецов е на листата на сведоци на одбраната на обвинетиот Ристов.

Обвинение за адвокатот и поранешен државен правобранител Фехми Стафа кој зел 50 илјади евра за да го спаси од притвор Љупчо Пецов – Ѓаволот . Пецов осомничен во Синџир за даночно затајување не влезе во Шутка но Стафа кој беше фатен со пари заврши во притвор и остаува таму и по поднесеното обвинение. Обвинителството за… Продолжи со читање

Од обвинителството за Телма потврдија дека на осомничениот бегалец Љупчо Пецов Ѓаволот му е определен притвор откако поднел медицински документи дека бил хоспитализиран поради здравствена состојба. Одлуката, според сознанија на Телма е донесена вчера кога Пецов бил донесен во скопскиот кривичен суд. Одбраната барала домашен притвор поради како што навеле влошена здравствена состојба. Обвинителството поради… Продолжи со читање













