Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Локален јавен обвинител е соучесник во процесот на враќање на пасошот на обвинетиот битолски бизнисмен Марковски – рече Мицкоски и најави истрага

/

Македонија

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека ја следел постапката за враќање на пасошот на обвинетиот битолски бизнисмен Борче Марковски и според него направена е „груба маниупулација од локален  јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство којшто е соучесник во овој процес“.

„Toa нема така да заврши“, рече Мицкоски.

Тој не кажа за кого се работи за како што рече не ја попречи истрагата.

„Нема да шпекулирам со имиња и презимиња затоа што допрва ќе има истрага за овој процес, затоа што од страна на надлежното основно јавно обвинитeлство имаме поинаков извешtaj од тоа што е приложено од битолското вишо обвинителство. Ова нема така да заврши, јас  гарантирам и лично ќе го следам овој процес“, кажа Мицкокси.

Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, ја  напушти државата откако Основниот суд во Струга му го врати пасошот кој претходно му го одзеде како мерка на претпазливост. Марковски и уште седум други лица се обвинети  за кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“.

Од Обвинителството вчера соопштија дека барањето да се укинат дополнителните мерки за претпазливост што било побарано од одбраната, Обвинителството најпрво го одбило но потоа го прифатило.

„Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга првично на 15.06.2026 година даде негативно мислење за прифаќање на ова барање. Откако одбраната поднела ново барање, јавниот обвинител го реферирал предметот во Вишото јавно обвинителство Битола. Од реферирањето е изготвен записник, при што Вишиот јавен обвинител донел заклучок со кој понискиот јавен обвинител го задолжил да поднесе позитивно мислење да се уважи предлогот на одбраната за враќање на привремено одземената патна исправа“, соопштија од Обинителството.

Како аргументи за ваквата одлука, Вишиот јавен обвинител навел  дека со определената гаранција се исклучени околностите кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетиот, а биле прифатени и  аргументите на одбраната дека обвинетиот поседува фирма во Република Србија чие работење е сериозно доведено во прашање и постои можност да биде нанесена ненадоместлива штета доколку тој во најкраток можен рок не отпатува таму за да потпише документација во врска со работењето на фирмата.

Од Обвинителството додаваат дека „сите аспекти на ваквата одлука и соодветната аргументација ќе бидат испитани“ .

Адвокатот на Марковски за Телма изјави дека тој е на „тешки состоаноци во Србија“ и оти утре се враќа во Македонија.

Марковски дал гаранција од 5 милиони евра.

Марковски има тешки состаноци во Србија, во сабота ќе се врати во земјава – адвокатот на обвинетиот битолски бизнисмен уверува дека тој не е во бегство

Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски се наоѓа во Србија, но не е во бегство, туку имал бизнис обврски, тврди неговиот адвокат. Марковски ја напушти државата на граничниот премин Табановце, откако струшкиот суд му го врати пасошот кој претходно му го одзеде како мерка на претпазливост. Марковски и уште седум… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2