Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левица: Западнонилската треска однесе рекорден број жртви, а ИЈЗ го прекина неделното информирање за епидемијата

/

Македонија

Сподели преку :

Партијата Левица денеска преку писмено соопштение реагираше за ситуацијата со западнонилска треска во земјава, реагирајќи бидејќи го нема неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

-Наместо редовен официјален пресек од институцијата која е задолжена да ја следи епидемијата, треба едноставно да му веруваме на Сашо Клековски кога ќе одлучи да излезе пред камери и да ни соопшти дека бројот на хоспитализирани е 19. Во земја во која седуммина веќе починаа, епидемиолошкиот надзор очигледно се сведе на тоа доктор без лекарски стаж од време на време да ни каже по некоја бројка – велат од Левица.

Во исто време, велат оттаму, додека ИЈЗ „го крие новиот целосен пресек за заболените луѓе, државата продолжува да добива нови сигнали дека вирусот активно циркулира“.

„Уште од почетокот предупредувавме дека не е доволно државата да чека граѓани да завршат со енцефалитис или менингитис за да сфати дека има проблем. Со години борбата против комарците во Македонија се сведува на повремено прскање, додека никој суштински не се занимава со тоа каде се размножуваат, како се контролира нивната бројност и дали воопшто навремено се отстрануваат жариштата кои ги создаваат – додаваат од Левица и ја обвинуваат владеачката партија дека ја „преспала превенцијата на терен“.

Jumbo 2