Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левица со поддршка за струмичките земјоделци кои бараат повисоки откупни цени за пиперката

/

Македонија

Сподели преку :

Левица изрази целосна поддршка за струмичките земјоделци кои протестираат поради, како што велат, ниските откупни цени на пиперката „куртовска капија“.

Од партијата посочуваат дека земјоделците за килограм пиперка во моментов добиваат понудена цена од 25 денари, што, според нив, не ги покрива трошоците за производство. Тие нагласуваат дека земјоделците со месеци вложуваат средства и труд, при што сами го преземаат ризикот од производството.

„Зад секоја нива стои семејство кое живее од земјата, а зад земјоделството стојат цели локални економии“, велат од Левица, посочувајќи дека намалувањето на домашното производство може да доведе до напуштање на земјоделските површини, иселување на младите и зголемување на увозот на храна.

Струмичките земјоделци бараат откупна цена од 50 денари за килограм за прва класа, 40 денари за мешана прва и втора класа и 20 денари за втора класа. Меѓу нивните барања се и фиксни откупни цени за целата сезона, навремена исплата на предадениот род и исплата на заостанатите субвенции.

Од Левица велат дека, во услови на зголемени производствени трошоци, државата треба да преземе мерки за заштита на земјоделците и обезбедување услови за продолжување на производството.

Партијата упати и повик до министерот за земјоделство Серафимовски, од кого очекува конкретно решение за барањата на земјоделците, наместо, како што наведуваат, само разговори и ветувања.

„Левица се бори домашното производство да биде државен приоритет, а земјоделскиот труд да биде заштитен и соодветно вреднуван“, наведуваат од партијата, додавајќи дека остануваат со поддршка на струмичките земјоделци и домашните производители.

Jumbo 2