Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левица: 34 години македонска армија, со преку 4% од БДП-то за одбрана до најслаба војска во регионот

/

Македонија

Сподели преку :

По повод 34-годишнината од основањето на Армијата, партијата Левица преку писмено соопштение денеска реагираше за актуелната состојба во македонската армија, осврнувајќи се при тоа, и на историјата, создавањето, потешкотиите и развојот.

-Неодминливи се славните денови и херојството прикажано во Конфликтот од 2001 при што, во содејство со специјалните единици на МВР, до израз дојдоа нејзиниот суштински белег и намена, а тоа е способноста за сочувување на територијалниот интегритет на Република Македонија – се вели во денешното соопштение.

Но, партијата обвинува дека 25 години подоцна, има „континуирано ослабнување и деградирање на АРМ“ кое како што наведуваат, е „предизвикано од заедничкото дејство на естаблишментските партии и владејачките елити“.

Како жртва на малициозни и погрешни политики, македонската армија бележи непрекинат пад на релевантните глобални листи според кои по моќноста се наоѓа на самото дно во регионот, покрај фактот дека Република Македонија е втора по Полска во буџетските издвојувања за одбрана во рамките на НАТО – додаваат од Левица.

Според партијата, „во ранговите на самата војска владее кадровска криза и незадоволство при што професионалниот состав страда од масовен одлив на обучен кадар и незадоволство од ниските примања“.

Оттаму реагираат дека „поголемиот дел од касарните се изградени во времето на СФРЈ и со децении зјаат невозобновени“.

Санитарните услови се катастрофални – нема парно греење во зима, тоалетите се руинирани, спалните соби ги разјадува влага, а покривите протекуваат. Квалитетот на храната во армиските мензи често е под стандардот за физички активни професионалци, а редовни се поплаките за недостиг на основни хигиенски средства, поради што војниците сами купуваат материјали за одржување на просториите – се додава во денешното соопштение.

Партијата обвинува и за недостиг на квалитетни обувки и униформи за војниците, но и за заштитни елементи, кои како што велат, се застарењни гломазни.

Припадниците на АРМ кои обезбедуваат државни објекти или караули често престојуваат во импровизирани куќички без струја, вода и соодветна изолација . Унапредувањата во повисоки чинови, испраќањето во мисии во странство и прекомандите често се вршат под силно партиско-политичко влијание и врски. Тоа ја убива мотивацијата кај вистинските професионалци – посочуваат од Левица.

Оттаму ги обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека безбедносниот сектор го претвораат во поле за политички калкулации. Нагласуваат и дека иако буџетот за одбрана е рекордно висок, „парите не се насочуваат кон независно јакнење на капацитетите“.

– Речиси 1/3 од буџетот оди директно за набавка на опрема, а земјата е под силен притисок да купува исклучиво скапа опрема од САД и другите НАТО-земји. Набавките на воена опрема се бавни и оптоварени со комплицирани тендерски процедури и политички пазарења, што го забавува процесот на комплетна трансформација и модернизација на војската. Затоа, армиските структури се слабо подготвени за современите хибридни и сајбер закани – велат од Левица, обвинувајќи дека и сајбер одбраната која како што сметаат е клучна за модерното војување, е сè уште „на очајно ниско ниво“.

Jumbo 2