Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левица: 16 март сѐ уште е отворена рана за Македонија, а Мицкоски со бела кошула во Кочани крева чаши за ДПМНЕ

/

Македонија

Сподели преку :

Сè уште ни надоаѓаат морници кога ќе се присетиме на 16 март. Има родители што го мерат времето на пред и по тој датум, млади што носат спомени кои не смеевме да дозволиме да ги имаат на тие години, семејства на кои секој празник им е празно место на масата и цел народ кој точно го помни чувтвото, горчината на тоа утро. А додека Македонија сè уште учи како да живее со 16 март,  Мицкоски облече бела кошула и отиде во Кочани да слави роденден и 26 години постоење на општинскиот комитет на ДПМНЕ, соопшти Левица. 

Според партијата за таква сцена тешко се наоѓа пристоен збор, бидејќи невкусно е премногу благ, а бесчувствителност звучи како оправдување. Ова е онаа фаза на заслепена политичката ароганција во која човек опкружен со наштиман аплауз престанува да ја слуша тишината околу себе. Треба да си застрашувачки отсечен од реалноста на општеството за местото кое стана синоним за најтешката институционална катастрофа во поновата македонска историја да го видиш како пригодна сцена за партиски коктел. Кочани е место каде што секоја политичка власт би морала да влегува со чувство на одговорност, а не со партиска еуфорија.

  • Има една точка до која ароганцијата престанува да биде политичка особина и станува дефект на моралната перцепција. ДПМНЕ одамна ја премина. Затоа никому таму не му заѕвони аларм кога на маса се појавила идејата за роденденска свеченост во Кочани. Никој не рекол: „луѓе, ова е погрешно, несоодветно, да не претеруваме, можеме да прескокнеме“. Никој не почувствувал дека постојат места каде партиската еуфорија ако влегува, мора да влезе на прсти. Напротив, сè било доволно нормално за нив за да се испегла белата кошула, да се наместат чашите и да се пушти фотографот. Кога една власт ќе стигне до степен да не препознава непристојност и некој однадвор да ѝ ја објаснува, тогаш сфаќаме дека имаат целосно расипан внатрешен компас, се вели меѓудругото во денешното соопштение на Левица.
Jumbo 2