Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лани дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка, пациентите реагираат дека за снимање на ПЕТ Скен се чека четири до пет месеци

/

Македонија

Сподели преку :

Илјада пациенти со канцер на дојка се дијагностицирани минатата година и во овој момент на активен третман на Клиниката за радиотерапија и онкологија се 7.000 заболени, истакнаа на Зружението „Хема-Онко“ на настанот, што го организираа денеска на Клиниката, а е посветен на пациентите, здравствените работници и заедничкото градење подобра и посеопфатна онколошка грижа насловен „Појадок со Хема-Онко“.

Директорот на Клиниката, Игор Стојковски изјави дека минатата година се воведени нови лекови за болните од канцер, конкретно за канцер на дојка, го зголемивме бројот на пациенти што се третирани со специфичен третман.

– Почнавме нешто делумно да функционира, односно дисперзијата да функционира делумно како консултативно-специјалистичка дејност во Градската општа болница „8-ми Септември“. Продолжуваме понатаму и во годинава, се надеваме и наредната година, онкологот од Скопје значи да оди во Клиничката болница во Битола. Тоа е што можеме да го направиме за доброто на пациентите и за делумно растеретување на гужвите во Клиниката. Понекогаш терапијата може да доцни минимално заради дистрибутивните недостатоци. Во врска со идејата во времето на претходниот министер за здравство за тригодишна набавка за дел од терапиите, рече дека работат и дека најверојатно тоа да можат да го направат во следната јавна набавка за 2027 година, рече проф-д-р Стојковски.

На новинарско прашање за тоа како ќе го решат проблемот со прекинот во доставувањето на терапијата, што неколку пати се случуваше и дека пациентите се загрижени, рече дека можат да дадат укажување на веледрогеријата, односно дистрибутерот ги знае консеквенците кои се, кои ги има со доцнењето кај пациентите.

Ана Марјановиќ од Здружението рече дека како здружение инсистирале тоа да биде направено на начин на кој пред сѐ ќе има сигурна терапија за пациентите и услови во кои ќе ја примаат редовно, навремено и во атмосфера што ја заслужуваат.

– Не е поентата само да се прима терапијата, туку навистина да обезбедиме дека секој пациент кој нема да биде на Клиниката за онкологија, да ја прима безбедно оваа терапија. Како пациенти најмногу знаеме колку е притисокот на Клиниката на онкологија, и тоа е и поради фактот што имаат недостиг на персонал кој се обидуваат да го надокнадат од една страна, а од друга страна е – поради големиот број експерти во однос на лекувањето, посебно за дојка, пациентите надвор од градовите сакаат тоа да биде направено на Клиниката на онкологија. Од таа причина, веќе со Министерството за здравство ние имаме доставено неколку барања и сега веќе отпочнуваме еден процес, истакна Марјановиќ.

Jumbo 2